Vrabotuvanje.com - Уште една европска земја ја зајакнува контролата на границите
Share
Tweet
Share
Send to friend

Уште една европска земја ја зајакнува контролата на границите

Туристите во Франција би можеле да се соочат со хаос откако земјата стана најновата членка на ЕУ која ги заостри граничните контроли на Шенген.

Уште една европска земја ја зајакнува контролата на границите

Имено, Франција почна да ги следи чекорите на уште шест други членки на ЕУ, како Германија, кои воведоа слични контроли, а причината за нив е загриженоста поради растечките миграции, пишува Дејли мејл.

Француската влада соопшти дека проверките ќе бидат воведени поради „сериозните закани за јавната политика, јавниот ред и внатрешната безбедност што ги предизвикуваат терористичките активности на високо ниво“. Посочуваат дека новата регулатива нема да влијае на сите патници и дека ќе се вршат проверки на граница.

Сепак, туристичките експерти предупредуваат дека околу 100 милиони туристи кои ја посетуваат Франција секоја година може да се соочат со потенцијални одложувања на границата.

Извор: vecer.press

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more