Vrabotuvanje.com - Чварките и кајмакот – од евтина храна до луксуз: Високите цени ги шокираат купувачите
Share
Tweet
Share
Send to friend

Чварките и кајмакот – од евтина храна до луксуз: Високите цени ги шокираат купувачите

Поради драстичното покачување на цените, некогаш евтините деликатеси како чварките и кајмакот сега се купуваат на грам. На пазарите килограм чварки достигна цена од околу 800 денари, што ги претвори овие традиционални „бомбони од свиња“ во луксузна храна.

Чварките и кајмакот – од евтина храна до луксуз: Високите цени ги шокираат купувачите

Продавач на чварки објаснува дека цената од 800 денари по килограм е непроменета од минатата година. „Луѓето купуваат според можностите. Чварките се популарни, особено во зимската сезона, а заедно со нив се продава и сланина, чија цена варира од 400 до 700 денари по килограм.“

Во текот на зимата, производите од млеко, како кајмакот и сирењето, се исто така дел од традиционалните оброци, и покрај високите цени. Но побарувачката за овие производи е значително помала во споредба со претходните години.

Извор: navalica.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more