Vrabotuvanje.com - Нов начин на плаќање на билет во ЈСП преку бројот 185 и новата мобилна апликација „Скопјебус”
Share
Tweet
Share
Send to friend

Нов начин на плаќање на билет во ЈСП преку бројот 185 и новата мобилна апликација „Скопјебус”

ЈСП Скопје од вчера воведе нов начин за купување билет за едно возење преку телефонски број 185 и новата мобилна апликација „Skopjebus“, која ќе биде достапна од 30. октомври. Со оваа новина, патниците можат да купат билет за градски превоз само со еден повик и без потреба од користење валидатор.

Нов начин на плаќање на билет во ЈСП преку бројот 185 и новата мобилна апликација „Скопјебус”

За купување билет, потребно е само патникот да заврти на бројот 185, по што ќе слушне „бип“ сигнал и говорна порака што потврдува купен билет по истата цена од 40 денари. Од моментот на повикот, билетот се активира, а патникот добива СМС порака за потврда.

Доколку патникот има проблем со телефонската сметка можно е да ги добие следниве пораки:

“Трансакцијата е неуспешна, немате доволно средства на вашата сметка“

“Трансакцијата е неуспешна, имате активирано забрана,  јавете се кај вашиот оператор”

“Веќе купивте возен билет, обидете се подоцна”

“Трансакцијата е неуспешна поради технички причини”

“Трансакцијата е неуспешна, имате надминат лимит за користење на оваа услуга”

Истовремено, новата апликација „Skopjebus“, која ќе ја замени старата „Skopska“, е достапна за преземање преку Play Store и App Store. Сите претходни средства на корисниците ќе бидат автоматски префрлени на новата платформа по инсталирањето и логирањето. За брз пристап до упатствата, корисниците ќе можат да скенираат QR код што ќе биде поставен во автобусите.

Со оваа иновација, како што соопштија од ЈСП Скопје ја поедноставува услугата и го олеснува секојдневното патување на скопјани.

Извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more