Vrabotuvanje.com - Подготвен нов предлог - закон за учебници, јавноста ќе може да дава сугестии
Share
Tweet
Share
Send to friend

Подготвен нов предлог - закон за учебници, јавноста ќе може да дава сугестии

Подготвен нов предлог - закон за учебници, јавноста ќе може да дава сугестии

Министерството за образование и наука информира дека е изготвен нов предлог Закон за учебници во основното и средното образование и дека е  поставен на владиниот ЕНЕР-систем (Електронски национален регистер на прописи). Со неговото донесување ќе биде заменет актуелниот закон од 2008 година. 

-Сите заинтересирани граѓани може да дадат свој придонес во усвојувањето на најдобрата верзија што ќе биде проследена во собраниска процедура. Во предлог-законот се интегрирани сугестиите на издавачките куќи во Македонија со чии претставници раководството на МОН и на Педагошката служба имаа конструктивна работна средба, соопшти МОН. 

Оттаму посочуваат дека новиот закон треба да обезбеди изработка на учебници со поквалитетна содржина, намалување на веројатноста за појава на грешки какви што имаше досега  и да ја поедностави постапката за набавка, со цел учебниците да бидат навремено испорачани во училиштата. 

 

Извор: nezavisen.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more