Vrabotuvanje.com - Нова конкуренција за Google: ChatGPT добива свој прелистувач
Share
Tweet
Share
Send to friend

Нова конкуренција за Google: ChatGPT добива свој прелистувач

"OpenAI" официјално го објави лансирањето на пребарувачот на "ChatGPT", ставајќи го во директна конкуренција со големите играчи како "Google" и "Bing".

Нова конкуренција за Google: ChatGPT добива свој прелистувач

Оваа нова функционалност им овозможува на корисниците на "ChatGPT" да добиваат одговори со релевантни извори од Интернет, нудејќи ажурирани податоци како спортски резултати, најнови вести и информации за берзата. Со цел да се обезбедат најдобри можни резултати, "OpenAI" воспостави партнерства со познати даватели на вести и податоци.

Прототипот на пребарувач наречен "SearchGPT" се појави уште во јули и тогаш беше достапен за тестирање само за ограничена група од 10.000 корисници. Како што објаснува "OpenAI", целта на оваа функционалност е да обезбеди пребарување што е поприродно и поинтуитивно за корисникот. Сега овој прототип е подобрен и интегриран во платформата "ChatGPT" како нова опција, давајќи им на корисниците понапредни можности за пребарување директно од четботот.

Корисниците можат да избираат помеѓу автоматски препораки и рачно пребарување со кликнување на иконата за пребарување на веб, додека дополнителното копче „Извори“ овозможува прегледување на линковите што се користат при одговарот. "OpenAI" најави дека дополнително ќе ја подобри функцијата за пребарување во области како што се онлајн купување и патување, притоа применувајќи вештачка интелигенција за посложени пребарувања.

Овој потег може да претставува сериозна закана за долгогодишната доминација на "Google" во светот на пребарувачите. "Google", дел од "Alphabet", долго време изразува загриженост за зголемената популарност на "ChatGPT" и потенцијалот корисниците да се префрлат на платформата како нивна главна алатка за пребарување.

Новата функционалност моментално е достапна на сите верзии на "ChatGPT", вклучувајќи веб, "iOS", "Android", "macOS" и "Windows", но е ограничена само на корисниците на "ChatGPT Plus" и "Team", како и на оние на листата на чекање "SearchGPT". Корисниците на бесплатната верзија на "ChatGPT" ќе треба да почекаат неколку месеци за да имаат пристап до новиот пребарувач.

Извор: tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more