Vrabotuvanje.com - Спремете се за студени утра: Утринските температури ќе паднат и до -2 степени
Share
Tweet
Share
Send to friend

Спремете се за студени утра: Утринските температури ќе паднат и до -2 степени

Спремете се за студени утра: Утринските температури ќе паднат и до -2 степени

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утрово ќе биде постудено со услови за појава на магла по одделни котлини.

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Минималната температура ќе се движи од -2 до 8 степени, додека максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје, утрото ќе биде постудено со можност за појава на слаба магла, а максималната температура во текот на денот ќе се искачи до 20 степени.

Во наредните денови, времето ќе остане претежно сончево, но со студени утра и минимални температури кои на некои места ќе се спуштаат под нула. По одделни котлини, повторно ќе има услови за утринска магла.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more