Vrabotuvanje.com - Зошто поминувате повеќе време на Инстаграм и Фејсбук? Тајната на новиот алгоритам на Мета
Share
Tweet
Share
Send to friend

Зошто поминувате повеќе време на Инстаграм и Фејсбук? Тајната на новиот алгоритам на Мета

Пресметката за социјалните мрежи е прилично јасна: колку е поголем бројот на корисници и колку подолго време се пред нивните екрани, толку повеќе реклами им се прикажуваат. А тоа секако значи и поголеми приходи и поголем профит, што сепак е главната цел на приватните компании.

Зошто поминувате повеќе време на Инстаграм и Фејсбук? Тајната на новиот алгоритам на Мета

Затоа технолошките компании со години бараат магична формула што на корисниците ќе им овозможи да го задржат своето внимание на екраните што е можно подолго, гледајќи во што повеќе содржини и реклами. За да успеат во тоа, мора постојано да го менуваат и подобруваат алгоритамот, но и да внимаваат на типот на содржини што ќе им се прикажуваат. На пример, негативната и насилна содржина може да привлече големо внимание, но таквата содржина може да има лоши последици за нив, а тоа особено се однесува на тинејџерите.

Се чини дека „Мета“ успеа да најде начин со кој дополнително го задржува вниманието на корисниците на „Инстаграм“ и „Фејсбук“, а станува збор за алгоритам базиран на вештачката интелигенција.

По неговото претставување, времето што корисниците го поминуваат на овие социјални мрежи значително се зголеми, односно за 8 отсто, додека процентот за „Инстаграм“ е помал, 6 отсто.

„Мета“ ги сподели само процентите, но не и зголемувањето на вистинското време што сега корисниците го поминуваат на овие мрежи. Според предвидувањата на експертите од „еМаркетер“, ова зголемување би можело да изнесува 10 до 15 часа повеќе во текот на годината.

Закерберг има и други планови поврзани со неговите социјални мрежи и вештачката интелигенција, па минатата недела најави дека се надева дека ќе додаде сосема ново почетно поле на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, односно категорија на содржини кои ќе бидат целосно генерирани од вештачка интелигенција.

Според тоа, очекувањата се дека корисниците ќе поминуваат повеќе време на социјалните мрежи на Закерберг, што позитивно ќе влијае врз пристапот на рекламите и приходите од реклами, но од друга страна, трошоците за развој и користењето на вештачката интелигенција значително ќе се зголемат.

Извор: fakulteti.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more