Vrabotuvanje.com - Неколку совети за подготовка на возилото за зима
Share
Tweet
Share
Send to friend

Неколку совети за подготовка на возилото за зима

Со почетокот на зимската сезона, покрај зимски пневматици неопходно е да направите комплетна подготовка на вашето возило за новата сезона.

Неколку совети за подготовка на возилото за зима

Еве неколку совети како најдобро и најлесно да го направите тоа:

• Проверете го акумулаторот

Ниските температури го намалуваат капацитетот на акумулаторот, па ако тој е постар од три години, проверете го неговото полнење. Ако покажува послабо полнење, подобро е да го замените пред сезоната, бидејќи зимата дополнително го оптоварува.

• Проверете ги бришачите и течноста за шофершајбна

Видливоста е клучна за безбедноста, затоа заменете ги старите или оштетени бришачи и дополнете течност за шофершајбна која нема да замрзне на ниски температури.

• Проверете ги светлата

Кратките денови и зимската магла бараат добро осветлување. Проверете дали сите светла работат и по потреба заменете ги сијаличките за да имате јасна видливост, а за вие да бидете видливи за другите возачи.

• Проверете го антифризот

За да избегнете замрзнување на моторот, проверете го нивото на антифриз и дополнете ако е потребно. Идеално е да користите антифриз кој е наменет за температури до -30°C.

Иако дел од подготовката на возилото без проблем можете да ја направите и сами, ние препорачуваме тоа да им го оставите на професионалци кои покрај основните работи, ќе проверат и некои други и секако ќе ве советуваат најдобро за ваша безбедност на пат.

Патувајте БЕЗГРИЖНО!

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more