Vrabotuvanje.com - Германските компании сè попретпазливо вработуваат нови работници
Share
Tweet
Share
Send to friend

Германските компании сè попретпазливо вработуваат нови работници

Германските компании стануваат сè попретпазливи при вработување нови работници, се истакнува во објавениот извештај на Институтот за економски истражувања IFO од Минхен за октомври.

Германските компании сè попретпазливо вработуваат нови работници

Индикаторот што ја мери подготвеноста на германските компании за вработување падна од септемвриските 94 поени на 93,7 поени, што е најниско ниво од јули 2020 година.

Ситуацијата на пазарот на трудот со месеци е под влијание на негативен тренд, изјави раководителот на истражувањето на IFO, Клаус Волрабе.

Според него, во овој момент е поверојатно дека германските компании ќе отпуштаат работници, наместо да примаат нови.

Особено тешка е ситуацијата во германското производство, каде поради намалување на нарачките се намалува и потребата за работници, а слична состојба владее и во трговијата.

Меѓу давателите на услуги, позитивните и негативните одговори моментално се речиси во рамнотежа, и се очекува бројот на вработени да остане константен, што важи и за градежниот сектор.

Нови вработувања бараат пред сè компании кои работат во туризмот и ИТ секторот, се заклучува во извештајот.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more