Vrabotuvanje.com - СКОПЈАНЕЦ МОЛИ ЗА ПОМОШ ДА СИ ГО НАЈДЕ ВОЗИЛОТО: Го возел неговиот татко, заборавил каде го паркирал!
Share
Tweet
Share
Send to friend

СКОПЈАНЕЦ МОЛИ ЗА ПОМОШ ДА СИ ГО НАЈДЕ ВОЗИЛОТО: Го возел неговиот татко, заборавил каде го паркирал!

Карпошанец бара помош од сите жители на Аеродром, да му помогнат во пронаоѓањето на неговото возило, кое, како што пишува тој, го возел неговиот татко, кој пак, заборавил каде го паркирал.

СКОПЈАНЕЦ МОЛИ ЗА ПОМОШ ДА СИ ГО НАЈДЕ ВОЗИЛОТО: Го возел неговиот татко, заборавил каде го паркирал!
„Здраво добри луѓе! Имам еден апел до аеродромци.
 
Јас сум од Карпош. Татко ми (80 години), склеротичен, во среда 06.11. во 09:00 часот ја паркира својата кола Голф 4, 2001 година, 4 врати, темно сина боја, со регистарска ознака SK-2**4-AF, во близина на Железничка, според него во ул. Симеон Каракиров, и се упатува пешки кон автобуска станица од каде во 09:15 часот тргнува за Врање, Србија. Истиот ден околу 20:00 часот се враќа во Скопје, но повеќе не се сеќава каде ја има паркирано и дома се враќа со автобус.
 
Два дена (денес и вчера) ја бараме по паркинзи и улички околу Железничка, но безуспешно. Два дена по ред прашуваме во Пајак службата на Општина Центар и на Град Скопје под Железничката до Макпетрол бензиската, но и таму ниту ја има на паркингот, ниту има налог дека е подигната од пајак.
 
Се јавив на 112 од каде ме упатија до Полициска станица Лисиче, но таму не поднесов пријава за украдено возило оти не знам дали е во меѓувреме украдено или не, и по препорака од службениците, ќе продолжам да ја барам до вторник 12.11. кога ми препорачаа да дојдам повторно и да се разгледаaт можностите кои може да се преземат за да се пронајде возилото.
 
Секоја помош е добредојдена.
 
Ви благодарам однапред!“, се вели во постот на фејсбук.
 
Со оглед на тоа што во неговата објава се објавени податоци како регистарска табличка и телефонски број, податоци за нив може да видите на постот објавен на социјалните мрежи тука.
 
Извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more