Vrabotuvanje.com - Падна првиот снег на Водно, побелено е и во други градови и во дел од скијачките центри
Share
Tweet
Share
Send to friend

Падна првиот снег на Водно, побелено е и во други градови и во дел од скијачките центри

Падна првиот снег на Водно, побелено е и во други градови и во дел од скијачките центри

Наноси од снег утринава се причина што на патниот правец Кратово – Пробиштип има забрана за движење на тешки моторни возила

Првата мала снежна покривка утринава е забележана на Водно. Од камерите поставени на Водно од страна на Јавното сообраќајно претпријатије „Скопје“ се забележува дека на врвот има снежна покривка, но и магла.

Утринава со мала снежна покривка се дел и од зимските туристички центри. Здружението за промоција на македонски ски-центри, „Ски Македонија“ на својот јутјуб-канал има снимка во живо од Пониква и од Попова Шапка, на која може да се погледне состојбата во овие ски-центри.

Утрово под снежна покривка е и пијанечко-малешевскиот регион. Најизразена е на повисоките места. Во градот Делчево и околните села снежната покривка е минимална, додека врнежи од снег утрово има и во општините Македонска Каменица, Берово и Пехчево. 

Во моментот во Делчевско најмногу снег има наврнато на планината Голак, во селото Тработивиште, како и на подрачјето на селото Ѕвегор во близина на граничниот премин кон Република Бугарија. 

Наноси од снег утринава се причина што на патниот правец Кратово – Пробиштип има забрана за движење на тешки моторни возила. Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) забрана е воведена во 7 часот.

Од АМСМ велат дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ велат дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Оттаму апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Извор: 360stepeni.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more