Vrabotuvanje.com - Општина Карпош ќе ги отстранува хаварисаните возила
Share
Tweet
Share
Send to friend

Општина Карпош ќе ги отстранува хаварисаните возила

Општина Карпош ќе ги отстранува хаварисаните возила

Општина Карпош склучи договор за соработка со колективниот постапувач ДУО Греен Роад од Скопје за отстранување на отпадни моторни возила од јавни површини на територијата на општината.

Инспекторатот на Општина Карпош оваа акција освен со колективниот постапувач, ќе ја спроведе во заедничка соработка и со Министерството за внатрешни работи преку урбаните заедници, со цел подигнување на свеста на граѓаните за рециклирање на отпадните моторни возила, како и за зачувување на здрава животна средина преку нивно отстранување од јавна површина.

Отпадните (хаварисани) возила ќе бидат мапирани и за нив ќе се води база на податоци. За веќе мапираните отпадни возила ќе се доставува изестување до МВР за добивање информации за сопственост на отпадното возило.

Според информациите од МВР, инспекциските служби ќе лепат известувања во кои се дава рок од 10 дена за отстранување на возилото. Истовремено, инспектор за животна средина/комунален инспектор ќе изготви записник, при што, во прилог со писмено известување до сопственикот ќе бидат доставени на негова адреса.

По истекот на дадениот рок, доколку отпадното возило не е отстрането од страна на сопственикот, инспекциските служби носат решение за опомена во времетраење од пет дена до сопственикот на возилото, а доколку сопственикот на возилото не постапи по решението до МВР се доставува известување за одјавување и отстранување на возилото.

По истекот на рокот од пет дена, отпадните возила го превзема колективен постапувач кој ги дислоцира на соодветно собирно место.

Од Општина Карпош апелираат до жителите кои се сопственици на вакви отпадни моторни возила, а се на јавна површина да ги дислоцираат/отстранат во најкус можен рок.  Доколку не го сторат тоа, ќе се поведе инспекциска постапка со изрекување на казна – глоба во вредност од 250 евра според чл.67 од Закон за управување со дополнителни текови на отпад.

Извор: vecer.press

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more