Vrabotuvanje.com - Се зголемува бројот на туристи и ноќевања во Македонија
Share
Tweet
Share
Send to friend

Се зголемува бројот на туристи и ноќевања во Македонија

Сликата која преовладуваше пред пандемијата за најголема посета на туристите концентрирана на два региони во Македонија, скопскиот и југозападниот, каде се остваруваат повеќе од 60% од вкупниот број ноќевања и посети, генерално, продолжува и во 2024 година. Тоа се нашите најголеми туристички центри, односно главниот град Скопје кој е посетен цела година како бизнис и туристички центар и Охридското Езеро, со Охрид и Струга каде се нашите најразвиени летни туристички центри.

Се зголемува бројот на туристи и ноќевања во Македонија
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2024 година изнесува 134 829, од кои 24.6 % се домашни туристи, а 75.4 % се странски туристи.
 
Бројот на ноќевањата во септември 2024 година изнесува 262 632, од кои 31.9 % се од домашните туристи, а 68.1 % од странските туристи.
 
Во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.3 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.2 %, а кај странските има зголемување за 14.2 %.
 
Во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.2 %, а кај странските има зголемување за 8.8 %.

Турските туристи се најбројни во Македонија, во септември нашата земја ја посетиле скоро 35 илјади Турци. Потоа Србите со над 8 илјади туристи и следни се германските туристи со над 5 илјади на број.

Околу 85% од вкупниот број турски туристи се на кружни балкански патувања од февруари до ноември, а Македонија е вметната поради стимулот на субвенционирањето, модел кој неколку пати досега имаше предлог да се измени и подобри. Холандските туристи се сконцентрирани на Охридско – струшкиот дел во период од 5 месеци. Со пакети од 5 и 7 денови на дестинација, сепак не се најбројни, иако остваруваат голем број ноќевања што овозможува мултипликативен ефект и го зголемува девизниот прилив.

Извор: pari.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more