Vrabotuvanje.com - Скопје одбележува 80 години од Денот на ослободувањето
Share
Tweet
Share
Send to friend

Скопје одбележува 80 години од Денот на ослободувањето

На денешен ден во 1944 година борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација за време на Втората светска војна.

Скопје одбележува 80 години од Денот на ослободувањето

Со повеќе настани на кои ќе присуствуваат претставници на локалната и централната власт денеска ќе биде одбележана 80-годишнината од ослободувањето на Скопје во Втората светска војна.  Така, по овој повод на партизанските гробишта во Бутел, делегации од Град Скопје и од Собранието ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на ослободителите на градот.  а најавени се повеќе манифестации, работилници, изложби, промоции.

Традиционално, на свечената академија ќе биде доделена наградата „13 Ноември“, а настанот ќе се одржи во 19 часот во Филхармонија. 

Како што е најавено, претседателот на Владата денеска ќе се обрати и на отворањето на  меѓународниот научен собир „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“ во Музејот на македонската борба за самостојност. 

Меѓународниот научен собир е организиран по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ. Настанот е во организација на Институтот за национална историја, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и Македонската академија на науките и уметноститe (МАНУ). 

ЈУ Детскиот културен центар „Карпош“ традиционално ја организира манифестацијата „Го градам мојот град“. Како што соопштуваат од центарот, оваа година, манифестацијата ќе се одржи од 10 до 11 часот во просториите на центарот. Манифестацијата има за цел да ги истакне детските творечки способности и креативност, како и да ги запознае децата со значењето на 13 Ноември. Децата од предучилишните установи од Скопје ќе учествуваат со изработка на макети од различни природни и други материјали, претставувајќи значајни обележја на Скопје.

На денешен ден во 1944 година борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација за време на Втората светска војна.

Извор: 360stepeni.mk

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more