Vrabotuvanje.com - Останува иста цената на горивата, намалување има само кај мазутот
Share
Tweet
Share
Send to friend

Останува иста цената на горивата, намалување има само кај мазутот

Останува иста цената на горивата, намалување има само кај мазутот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,06 % во однос на одлуката од 11.11.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,720%, кај дизелот за 2,295%, кај екстра лесното масло за 2,704% и кај мазутот намалувањето е за 2,622%.

Од 19.11.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,708 (денари/килограм)

Извор:4news.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more