Vrabotuvanje.com - Со парите потрошени за цигари за 4 години може да купите кола
Share
Tweet
Share
Send to friend

Со парите потрошени за цигари за 4 години може да купите кола

Дури и ако сте страствен пушач, едвај сте сфатиле колку пари всушност трошите на цигари.

Со парите потрошени за цигари за 4 години може да купите кола

Стандардна цена на кутија цигари е околу 150 денари. Ако некој пуши по 1 кутија дневно, тоа чини 4.650 денари месечно или 54.750 денари годишно. Односно, пушач во просек троши околу една просечна плата годишно на цигари.

Тоа се горе-долу основните трошоци на едно семејство за еден месец.

Ако само овој трошок се зачува и собере одделно, ќе имате издвоено 219.000 денари за 4 години. Со овие пари може да се купат многу работи. Сигурно можете да купите автомобил, иако постар. Со тие пари, можете да добиете две егзотични патувања до места како Доминиканската Република, Сејшелите или Мексико.

Така, ако некој пуши 10 години, потрошил 2.190.000 денари за цигари. Ова е веќе цената на прилично добар автомобил. Со овие пари би можеле да купите дури 150 грама инвестициско злато, чија цена постојано расте.

Извор: mk.tv21.tv

 
 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more