Vrabotuvanje.com - Њујорк воведува такса за возење низ Менхетн
Share
Tweet
Share
Send to friend

Њујорк воведува такса за возење низ Менхетн

Њујорк воведува такса за возење низ Менхетн

Американското Министерство за транспорт го одобри планот на државата Њујорк на возачите да им наплаќа по 9 долари дневно за возење низ делови на Менхетн. Како што пишува Guardian, првичниот план бил да се наплаќаат 15 долари, но тој бил заменет со нова идеја која ќе биде имплементирана од 5 јануари оваа година.

Гувернерката на Њујорк Кети Хочул најави дека парите ќе бидат искористени за подобрување на јавниот превоз.

Исто така, со оваа такса, според овој план, треба да се намали метежот што се случува во овој дел на Њујорк, кој е проблем со децении.

Планот, кој доби одобрение од државно ниво, треба да се применува во текот на денот, иако не се прецизирани точните часови. Лондон има слична програма, каде што цената е 19 долари, а која започна во 2003 година.

Камионите и автобусите ќе плаќаат до 21,60 долари, а за ноќно патување ќе бидат доделени попусти од 75%. Таксата ќе се наплаќа еднаш дневно, без оглед на бројот на патувања за сопствениците на автомобили, додека таксито ќе плаќаат 75 центи по возење во зоната на Менхетн, а возилата на Uber или Lyft резервирани преку апликацијата ќе плаќаат 1,50 долари по возење.

Вреди да се напомене и дека Хочул „побрза“ со планот поради победата на Доналд Трамп на претседателските избори. Тој го изрази своето противење на овој план и се очекува дека неговиот министер за транспорт сигурно нема да ја одобри идејата.

Извор: kurir.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more