Vrabotuvanje.com - Измамници испраќаат пораки од името на Фондот за здравство, се апелира до граѓаните да не наседнуваат
Share
Tweet
Share
Send to friend

Измамници испраќаат пораки од името на Фондот за здравство, се апелира до граѓаните да не наседнуваат

Фондот за здравствено осигурување на Македонија има сознанија дека се појавија лажни пораки, кои им се праќаат на граѓани по електронски пат, на електронската пошта, од името на ФЗО.

Измамници испраќаат пораки од името на Фондот за здравство, се апелира до граѓаните да не наседнуваат

Во лажните пораки им се укажува на граѓаните дека наводно системот со управување трансакции на Фондот препознава дека треба да добијат исплата за рефундација на средства по што треба да кликнат на одреден линк.

Фондот им укажува на граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни пораки за да не бидат злупотребени нивните лични податоци и трансакциски сметки, а доколку се во можност, да пријават во Службата за компјутерски криминал во МВР.

Фондот веќе го пријави случајот во МВР.

Извор: makfax.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more