Vrabotuvanje.com - Ова се најдобро оценетите вина на саемот Wine Vision Open Balkans
Share
Tweet
Share
Send to friend

Ова се најдобро оценетите вина на саемот Wine Vision Open Balkans

На саемот „Open Balkan Wine Vision“ беа доделени наградите „Open Balkan Wine Trophy 2024“.

Ова се најдобро оценетите вина на саемот Wine Vision Open Balkans

На вториот ден од најголемиот саем на вино во регионот беа објавени одлуките на жирито кое годинава беше составено од 25 еминентни меѓународни вински судии, меѓу кои беа и шестмина носители на најпрестижната титула во светот на виното, мајстор на виното. Тие имаа голема задача да доделат награди за вината што пристигнаа од земјите-членки на иницијативата „Отворен Балкан“, Србија, Северна Македонија и Албанија.

Освен трофејот за најдобри вина од околу 1.000 што жирито ги оценуваше во текот на два дена, беа доделени и платинести, златни, сребрени и бронзени медали, а целата листа на победници по категории може да ја погледнете на овој линк.

Националниот трофеј од Македонија, го доби винаријата Тиквеш, односно виното BELA VODA RED од бербата 2021 година.

Извор: biznisinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more