Vrabotuvanje.com - Повторно проблеми за скопјани, од денес приватните превозници престануваат да сообраќаат
Share
Tweet
Share
Send to friend

Повторно проблеми за скопјани, од денес приватните превозници престануваат да сообраќаат

Нема крај на проблемите на скопјани со јавниот превоз. Од денес приватните превозници престануваат да сообраќаат по градските улици. Илир Исени од Советот на приватни превозници, најави дека од денеска целосно ќе престанат да сообраќаат приватните автобуси, пренесува ТВ21.

Повторно проблеми за скопјани, од денес приватните превозници престануваат да сообраќаат

Како причина се посочува што претседавачот на советот на Град Скопје, Трајко Славески, не го стави на дневен ред нивното барање за зголемување на таксата по километар.

Од денеска нема да сообраќаат линиите на приватните превозници со броевите 9, 11, 11а, 12, 19, 20, 22, 23, 45, 52, 54, 61, 63 и 73.

Извор: skopjeinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more