Vrabotuvanje.com - Јапонија: По 30 минути за спиење на работа за секој работник
Share
Tweet
Share
Send to friend

Јапонија: По 30 минути за спиење на работа за секој работник

Конечно јапонските работодавачи одлучија спиењето на работното место да стане дел од работните обврски на секој вработен.

Јапонија: По 30 минути за спиење на работа за секој работник

Сепак, тоа не значи дека вработените ќе може да спијат на работното место, туку ќе добијат соба за спиење.

Одлуката е донесена откако најновото истражување покажало дека поспаноста на вработените влијае врз нивната ефикасност, поради што јапонските компании годишно губат дури 138 милијарди долари.

Поради тоа предлогот на работодавачите и јапонското Министерство за здравство е вработените да имаат барем 30 минути за спиење.

Предлогот е прифатен од јапонската ИТ компанија „Нексбит“ (Nextbeat) која обезбеди две „стратешки спални соби“, кои се опремени со апарати за блокирање на бучава, кревети и софи, додека мобилните телефони, таблетите и лаптопи се најстрого забранети.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more