Vrabotuvanje.com - Компаниите имаат обврска да исплатат К-15 до крајот на годината: Колкава ќе биде исплатата за вработените?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Компаниите имаат обврска да исплатат К-15 до крајот на годината: Колкава ќе биде исплатата за вработените?

Компаниите имаат обврска да исплатат К-15 до крајот на годината: Колкава ќе биде исплатата за вработените?

Регрес за годишен одмор годинава ќе добијат сите, и работниците во приватниот и во јавниот сектор. Над 84 илјади вработени во администрацијата ќе добијат по 11 илјади денари К-15. За вработените во приватниот сектор, К-15 годинава ќе биде околу 16.800 денари, односно 40 отсто од просечната плата исплатена во последните три месеци.

Исплатата треба да се изврши до крајот на годината, а законски може да почне да се исплаќа од мај.

Услов за исплата на К-15 е работникот најмалку шест месеци во календарската година да работи кај ист работодавец. К-15 им следува и на оние работници што ја смениле работата, ако претходно непрекинато работеле половина година во иста компанија.

За работодавците што нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, Законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.

Извор: kurir.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more