Vrabotuvanje.com - Дали 67 години ќе биде новиот возрасен праг за пенизонирање за мажи и жени?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Дали 67 години ќе биде новиот возрасен праг за пенизонирање за мажи и жени?

Дали 67 години ќе биде новиот возрасен праг за пенизонирање за мажи и жени?

Во однос на зголемувањето на стапката за пензиско осигурување, од Фискалниот совет препорачуваат во 2027 година да се направи анализа за фискалната одржливост на Фондот на ПИОМ и во зависност од трендот и потребата постепено да се зголемува придонесот до 21 процент до 2029 година.

Од 2026 година да се зголеми старосната граница за пензионирање за мажи и жени на 67 години и истовремено да се зголеми стапката за пензиско осигурување за 0,7 процентни поени, односно да изнесува 19,5 проценти, препорачува Фискалниот совет како предлог на Фискалната стратегија 2025-2029 година. 

Од Фискалниот совет нагласуваат дека ваквите мерки се потребни за одржување на Фондот на ПИОМ, намалување на фискалните ризици и за консолидација на буџетот во наредниот среднорочен период.

Фискалниот совет, според Законот за буџети, е независно тело што изработува анализи и мислења за макроекономските и за фискалните претпоставки користени за изработка на Буџетот на државата и фискалната стратегија. Претседател на советот е Глигор Бишев, поранешен директор на Шпаркасе банка. Членови се и академик Абдулменаф Беџети, како и Марина Трпеска, редовен професор на Економскиот факултет при УКИМ. 

Целата вест прочитајте ја на: 360stepeni.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more