Vrabotuvanje.com - До крајот на месецов мора да биде исплатен К-15, еве колку пари треба да легнат на вашите сметки
Share
Tweet
Share
Send to friend

До крајот на месецов мора да биде исплатен К-15, еве колку пари треба да легнат на вашите сметки

Работниците во приватниот и јавниот сектор годинава треба да добијат регрес за годишен одмор. За вработените во приватниот минималната сума што треба да биде исплатена изнесува 16.800 денари, односно 40 отсто од просечната плата исплатена во последните три месеци, додека за вработените во државниот сектор сумата е нешто помала и изнесува 11.000 денари.

До крајот на месецов мора да биде исплатен К-15, еве колку пари треба да легнат на вашите сметки

Исплатата треба да се изврши до крајот на годината, а законски може да почне да се исплаќа од мај. Услов за исплата на К-15 е работникот најмалку шест месеци во календарската година да работи кај ист работодавец. К-15 им следува и на оние работници што ја смениле работата, ако претходно непрекинато работеле половина година во иста компанија.

За работодавачите што нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, Законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.

Извор: skopjeinfo.mk

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more