Vrabotuvanje.com - Се сеќавате на момчето од Киндер чоколадото? Можеби ќе ве изненади како изгледа сега
Share
Tweet
Share
Send to friend

Се сеќавате на момчето од Киндер чоколадото? Можеби ќе ве изненади како изгледа сега

Препознатливо лице на насмеано момче го красеше чоколадното пакување Киндер од 2004 до 2019 година, а многумина се прашуваа кое е всушност момчето. Извесен период се шпекулираше дека станува збор за англискиот модел Џош Бејтсон, но манекенот Матео Фарнети од Болоња ја разреши мистеријата кога беше објавено интервју со него во италијанскиот медиум Corriere della Sera.

Се сеќавате на момчето од Киндер чоколадото? Можеби ќе ве изненади како изгледа сега

„Јас сум детето од амбалажата на популарната детска чоколада!, изјави 31-годишниот модел Матео, откривајќи дека тој бил лицето на пакувањето во тој период. Неговото тврдење го потврди и Фереро, а Матео објасни дека со години морал да ја крие вистината поради договорот со Фереро.

„Поради договорот со Фереро не можев да давам интервјуа“, објасни тој и додаде дека решил да стави крај на гласините бидејќи со текот на годините се појавувале различни модели кои тврделе дека тие се заштитно лице на амбалажата.

„Решив да ставам крај. Не е пријатно кога гледаш како другите ја покажуваат твојата слика и тврдат дека тоа се тие“, објасни тој. Сепак, тој откри дека со задоволство се сеќава на своето време како заштитно лице на чоколадото.
 

„На училиште, на ручек, моите пријатели извадија чоколадна лента и ме прашаа: „Мати, тоа си ти?“, се присетува Матео, кој денес работи како модел и студира спортски менаџмент, а неговите објави го привлекуваат вниманието на женските следбеници.  

Извор: denar.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more