Vrabotuvanje.com - УНЕСКО го призна јапонскиот процес на подготовка на саке како нематеријално културно наследство
Share
Tweet
Share
Send to friend

УНЕСКО го призна јапонскиот процес на подготовка на саке како нематеријално културно наследство

УНЕСКО го призна јапонскиот процес на подготовка на саке како нематеријално културно наследство

Јапонскиот древен процес на подготовка на пијалакот саке беше признат од УНЕСКО во средата како „нематеријално културно наследство“, за што производителите се надеваат дека ќе го зајакне глобалниот интерес за традиционалното оризово вино, чија популарноста опадна и дома.

Секако, јапонските претставници на состанокот на УНЕСКО во Парагвај ја одбележаа приликата со дегустација на саке.

Пијалокот се прави неколку седмици со ферментирање на мешавина од ориз, вода, квасец и шарена мувла позната како „коџи“, во процес кој повеќе наликува на производство на пиво отколку на вино. Пијалокот може да се сервира топол, ладен или на собна температура.

Иако саке игра важна улога во јапонското општество и традиција и често се служи за време на церемонии и специјални оброци, домашната побарувачка за пијалок опадна додека меѓународната побарувачка расте. Производителите на Саке се надеваат дека признавањето на УНЕСКО ќе го зголеми неговиот извоз и ќе го заживее интересот.

„Ние сме многу среќни. Меѓународното признание ќе го обнови јапонскиот интерес за оваа област и тоа би можело да поттикне поголем импулс за пренесување на овие вештини и знаења на следната генерација“, рече постојаниот претставник на Јапонија во УНЕСКО Такехиро Кано.

УНЕСКО, образовната, научната и културната агенција на Обединетите нации, вклучува практики, уметнички дела или вештини на својата листа на нематеријално културно наследство за да го поттикне нивното зачувување за идните генерации.

Претставниците на УНЕСКО, исто така, во средата меѓу другите ставки и практики прифатени за листата, ја одобрија културата на астуриската јаболковина во Шпанија и изработката на џиновски буриња во Гватемала.

Извор: netpress.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more