Vrabotuvanje.com - Во ЕУ 13 отсто од граѓаните работат и по пензионирањето
Share
Tweet
Share
Send to friend

Во ЕУ 13 отсто од граѓаните работат и по пензионирањето

Во ЕУ 13 отсто од граѓаните работат и по пензионирањето

Во Европската унија 13 отсто од граѓаните работат и по пензионирањето, објави „Евростат“.

Приближно половина од луѓето кои продолжиле да ја работат својата работа ја вршат под исти услови како пред пензионирањето, додека другата половина го промениле работниот однос или го намалиле бројот на работни часови, се додава во извештајот.

Истражувањето спроведено минатата година, исто така, покажа дека најголем број луѓе кои работат по пензионирањето е регистриран во балтичките земји на ЕУ – во Естонија 54,9 отсто, Летонија 44,2 отсто и Литванија 43,7 отсто.
 
Извор: lokalno.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more