Vrabotuvanje.com - Трошоците на живот во ноември бележат зголемување од 4,3 отсто
Share
Tweet
Share
Send to friend

Трошоците на живот во ноември бележат зголемување од 4,3 отсто

Трошоците на живот во ноември  бележат зголемување од 4,3 отсто

Трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, бележат зголемување од 4,3 отсто, а цените на мало од 4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, изнесува 1 отсто.

Зголемувањето на инфлацијата во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци за 2,1 отсто, рекреација и култура, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1,5 отсто, ресторани и хотели за 0,8 отсто, облека и обувки, здравје за 0,2 отсто, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 отсто.

Во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 0,9 отсто, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,3 отсто, разновидни стоки и услуги за 0,1 отсто.

Трошоците на животот во групите комуникации и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во ноември во однос на октомври годинава забележале раст oд 0,3 отсто.

Извор: nezavisen.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more