Vrabotuvanje.com - Која европска земја има најголем број автомобили по жител?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Која европска земја има најголем број автомобили по жител?

Според податоците на италијанското биро за статистика, Италија имала најголем број автомобили по глава на жител во Европската унија во 2023 година, односно 694 патнички возила на 1.000 жители.

Која европска земја има најголем број автомобили по жител?

Споредено со просекот на ЕУ, кој е 571 автомобил на 1.000 жители, Италија значително се издвојува, објави Анса.

Хибридните автомобили сочинуваат само 6,9 отсто од возилата во регионалните главни градови, додека електричните возила се присутни само во 0,6 отсто од случаите.

Исто така, податоците покажуваат дека 47,4 отсто од автомобилите во Италија работат на бензин, што е пад од 0,8 отсто во последните осум години, пренесува Танјуг.

Учеството на дизел возилата е 35,2 отсто што е намалување за 0,3 отсто во однос на 2015 година.

Извор: biznisinfo.mk

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more