Vrabotuvanje.com - Среќна Нова година или Среќна Нова Година?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Среќна Нова година или Среќна Нова Година?

Следната недела ќе почнат да стигнуваат пораките за среќна, бериќетна, весела, исполнета, успешна, љубовна нова година.

Среќна Нова година или Среќна Нова Година?

Најважна е помислата, секако, но и начинот на кој ги искажувате вашите најубави и најискрени желби исто така е важен, особено кога им посакувате среќни празници на вашите деловни соработници, клиенти и спонзори.

Писменоста е важен елемент што го забележуваат многу луѓе и кај потенцијалниот партнер, па ако не сакате симпатијата да се разочара од вашето непознавање на правописот, двапати проверете ја честитката пред да ја испратите.

Затоа, потсетете се дека имињата на празниците се пишуваат со голема буква, при што само првиот збор се пишува со голема буква, освен ако не се лични имиња.

На пример: Први мај, Нова година, Божиќ/Божик, Бајрам, Единаесетти октомври, Осми септември (Кога пишувате бројка, првиот збор е со голема буква – 11 Октомври).

Така, оваа празнична сезона, честитајте со:

Среќна Нова година!

Честит Божик/Честит Божиќ!

Среќни новогодишни и божикни празници!

Извор: kajgana.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more