Vrabotuvanje.com - Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите 100 национални кујни во светот
Share
Tweet
Share
Send to friend

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите 100 национални кујни во светот

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите 100 национални кујни во светот

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања, „Тејст атлас“ (Taste Atlas) ја објави листата на 100 најдобри национални кујни во светот за 2024 – 25 година. Македонската кујна го зазеде 47. место (со оценка 4,16 од 5).

На гастрономската платформа има повеќе од 10.000 јадења и пијалаци. Се препорачуваат и традиционални јадења и автентични ресторани. Годинашните ранг-листи се креирани врз основа на речиси 400.000 оценки за храна и 115.000 оценки за прехранбените производи.

На првите 10 места меѓу државите, се наоѓаат: Грција (со оценка 4,6 од 5), Италија, Мексико, Шпанија, Португалија, Турција, Индонезија, Франција, Јапонија и Кина.

Во однос на македонските специјалитети, во рубриката „Мора да се проба“, највисоко рангирани се зелникот и макалото (со оценка 4,5 од 5), па сарма (4,4), ајвар и охридска пастрмка – со истата оценка. Меѓу пијалаците се истакнати вината „Шато Камник“ и „Тиквеш“.  
 
Извор: nezavisen.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more