Vrabotuvanje.com - Грција воведува вештачка интелигенција во јавните училишта
Share
Tweet
Share
Send to friend

Грција воведува вештачка интелигенција во јавните училишта

Грција воведува вештачка интелигенција во јавните училишта

Грција ја започнува иницијативата AI4edu, кофинансирана од ЕУ, која воведува два интерактивни асистенти: Study Buddy за ученици и Teacher Mate за наставници.
Study Buddy им помага на учениците со интерактивно учење и индивидуална поддршка, додека Teacher Mate нуди наставни алатки и следење на напредокот на учениците.

Проектот вклучува шест организации од четири земји-членки на ЕУ, меѓу кои Универзитетот на Кипар, образовниот центар Драмкондра (Ирска) и Технолошкиот универзитет Лулеа (Шведска).

Министерот за образование Киријакос Пјеракакис истакна дека целта е вклучување на напредни технологии за подобрување на образованието, додека Универзитетот во Патрас веќе нуди програма за обука на над 200.000 наставници за употреба на вештачка интелигенција.

Според истражување на GoStudent, 54% од учениците сакаат да учат со помош на вештачка интелигенција, но се соочуваат со дигитален јаз. Европската комисија повикува на засилено дигитално образование и развој на информатички вештини.

Целата вест прочитајте ја на: pari.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more