Vrabotuvanje.com - 600 нови вработувања: Стартуваше изградбата на фабрика за електронски батерии за автомобили во ТИРЗ Кичево
Share
Tweet
Share
Send to friend

600 нови вработувања: Стартуваше изградбата на фабрика за електронски батерии за автомобили во ТИРЗ Кичево

Во ТИРЗ Кичево денеска стартуваше изградба на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ каде во првата фаза ќе бидат инвестирани 10 милиони евра и ќе се отворат 120 до 200 вработувања.

600 нови вработувања: Стартуваше изградбата на фабрика за електронски батерии за автомобили во ТИРЗ Кичево

Оваа значајна инвестиција, вредна 40 милиони евра, предвидува отворање на 600 нови работни места. Во првата фаза, инвестицијата изнесува 10 милиони евра, со ангажирање на 200 лица, што претставува одличен почеток и силен поттик за локалната економија.

„Avesta Battery and Energy Engineering“ е компанија од понов датум. Формирана е во 2019 година од универзитетскиот професор Ношин Омар. Тоа е динамична инженерска компанија специјализирана за технологија за дизајн и рециклирање батерии, како и за изнаоѓање напредни иновативни решенија за батерии и батериски системи за автомобилски и стационарни апликации.

Како што пишува на нивната веб-страница, ABEE ја има на две локации, во Белгија, во близината на Брисел, и во Северна Македонија. „Компанијата ќе се фокусира на истражување и развој во областа на BMS и системи за енергетска електроника, како и на нивно масовно производство. Производниот капацитет ќе биде 70.000 единици годишно и поради тоа компанијата ќе има околу 100 вработени во првите три години“.

Во моментот работат на повеќе од 25 проекти, а годишното производство е 10 илјади производни единици.

Инаку, договорот за оваа инвестиција беше потпишан во мај 2023 година. Како што беше најавено од тогашното раководство на Дирекцијата за ТИРЗ, освен новите вработувања, инвестицијата ќе донесе и просечна бруто плата од 1.500 евра. А, беа нагласени и очекувањата дека фабриката во Македонија ќе стане хаб во кој ќе се привлекуваат таленти, особено млади луѓе.

Извор: pari.com.mk

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more