Vrabotuvanje.com - Цената на струјата од јануари ќе се зголеми за помалку од 1 отсто
Share
Tweet
Share
Send to friend

Цената на струјата од јануари ќе се зголеми за помалку од 1 отсто

Од јануари 2025 година просечната цена на електричната енергија на домаќинствата ќе се зголеми за 0,92 проценти.

Цената на струјата од јануари ќе се зголеми за помалку од 1 отсто

Тоа значи дека ако едно просечно домаќинство кое има сметка за струја од 2.300 денари, зголемувањето на сметката ќе биде само 21 денар.

Во првиот блок цената на струјата ќе се зголеми за 0,68 отсто, во вториот за 0,9, во третиот блок за 1,92, а во четвртиот блок поскапувањето ќе биде 2,25. Струјата во евтината тарифа ќе поскапи за 0.9 проценти.

ЕВН побарале зголемување на цената на струјата за 4,4 проценти, но Регулаторната комисија за енергетика успеале да обезбедат пониска цена, која ќе има минимално влијание врз семејниот буџет.

Извор: vecer.press

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more