Vrabotuvanje.com - Внимавајте: Измамници под маска на Македонска Пошта испраќаат „СМС“ со цел да извлечат пари
Share
Tweet
Share
Send to friend

Внимавајте: Измамници под маска на Македонска Пошта испраќаат „СМС“ со цел да извлечат пари

Внимавајте: Измамници под маска на Македонска Пошта испраќаат „СМС“ со цел да извлечат пари

Измамници под маска на Македонска Пошта испраќаат „СМС“ пораки со цел да извлечат пари.

Во новиот фишинг напад се користат линкови кои водат до веб-страница на која жртвите се покануваат да внесат лични податоци и податоци од платежни картички.

Веб-страницата е едноставна, без валидирање на внесените податоци и е регистрирана пред неколку дена. Нападот е насочен исклучиво кон корисници во Македонија, бидејќи страницата филтрира само IP адреси од оваа земја.

Ова е уште еден обид на измамниците да извлечат податоци и да предизвикаат финансиски загуби кај населението кое ќе наседне на оваа измама.

Извор: telma.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more