Vrabotuvanje.com - Лажни понуди за ПОЕН+ картички: Тинекс ги предупредува корисниците да бидат внимателни
Share
Tweet
Share
Send to friend

Лажни понуди за ПОЕН+ картички: Тинекс ги предупредува корисниците да бидат внимателни

Тинекс Маркети ги предупредуваат корисниците за фалсификувани информации за ПОЕН+ картичка

Лажни понуди за ПОЕН+ картички: Тинекс ги предупредува корисниците да бидат внимателни

На социјалните мрежи се појави објава која тврди дека ПОЕН+ програмата нуди подарочна картичка во вредност од 10.000 денари. Од Тинекс Маркети известуваат дека оваа информација е неточна и дека не потекнува од официјалните извори на компанијата.

„Молиме бидете внимателни кога ги споделувате личните податоци. Официјалните страници на Тинекс се лесно препознатливи и верификувани“, се наведува во соопштението.

Потрошувачите се охрабруваат да ги проверат сите информации директно од официјалните канали на Тинекс Маркети.

May be an image of text

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more