Vrabotuvanje.com - Германците подоцна ќе одат во пензија: Старосната граница се поместува
Share
Tweet
Share
Send to friend

Германците подоцна ќе одат во пензија: Старосната граница се поместува

Германците подоцна ќе одат во пензија: Старосната граница се поместува

Се поместува старосната граница за пензионирање во Германија. 

Редовната старосна граница за старосна пензија постепено ќе се зголемува до 2031 година на 67 години. Право на редовна пензија ќе имаат родените 1960 година од 2025 година кога ќе наполнат 66 години и 4 месеци.

За оние кои се родени подоцна, границата ќе се зголеми за 2 месеци по година од раѓање. Од генерацијата 1964 година па наваму, старосната граница продолжува да расте со чекори од 2 месеци. За оние родени во 1964 година старосната граница е 67 години.

За пензијата без одбитоци за долгорочни осигуреници (претходно пензионирани на 63 години) границата се зголемува од 63 на 65 години. Лицата родени 1961 година може да ја добијат оваа пензија кога ќе наполнат 64 години и 6 месеци. За оние кои се родени подоцна, границата се зголемува за два месеци годишно од раѓањето. Од генерацијата 1964 година старосната граница за пензионирање ќе биде 65 години.

Луѓето со долгорочно осигурување можат да добијат пензија и пред навршување на редовната старосна граница за пензионирање доколку се осигурени најмалку 45 години на задолжително пензиско осигурување. Предвремено пензионирање, дури и со одбитоци, не е можно.

Фискалниот совет во земјава даде предлог, старосната граница да се зголеми на 67 години за мажи и жени. И Светска банка предлага зголемување на старосната граница, нешто што за граѓаните е неприфатливо, а и власта се изјасни дека нема да има промени. 

Извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more