Vrabotuvanje.com - Комплексот „Македонско село“ ќе биде отворен напролет
Share
Tweet
Share
Send to friend

Комплексот „Македонско село“ ќе биде отворен напролет

Комплексот „Македонско село“ ќе биде отворен напролет

Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски за „Република“ откри дека наскоро ќе биде отворен комплексот „Македонско село“

Томовски изјави дека објектот, кој се отвори во 2016 година, престана да функционира во 2019 година, а за неговото нефункционирање досега се потрошени околу 20 милиони денари. Тој нагласи дека постапката за повторно отворање е во тек, со план објектот да се даде на приватен закуп, бидејќи државата нема капацитет да го одржува.
Проценката е завршена, а огласот ќе биде објавен до крајот на годината, со можност заинтересираните да аплицираат. Целта е закупецот да има време до мај следната година за реновирање на објектот, кој е во лоша состојба поради запуштеноста.

Извор: republika.mk

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more