Vrabotuvanje.com - Албанија го забранува ТикТок, Грција ќе забрани пристап на социјалните мрежи за помлади од 15 години
Share
Tweet
Share
Send to friend

Албанија го забранува ТикТок, Грција ќе забрани пристап на социјалните мрежи за помлади од 15 години

Албанија го забранува ТикТок, Грција ќе забрани пристап на социјалните мрежи за помлади од 15 години

Албанија на една година ќе го забрани ТикТок, со што стана првата земја на Балканот што го направила тоа.

Забраната ќе стартува на почетокот на следната година, а според албанските власти истата е поради загриженоста за влијанието на социјалните мрежи врз децата.

Грција планира да воведе низа регулативи со цел да се спречи дигиталната зависност кај младите корисници под 15 години и да се заштитат од опасностите од прекумерна изложеност на социјалните мрежи.

Неколку земји како Франција, Германија и Белгија веќе воведоа вакви ограничувања за децата.

Во Австрија исто така веќе има забрана за пристап до социјалните мрежи за сите помлади од 16 години.

Извор: emagazin.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more