Vrabotuvanje.com - Речиси 60 сантиметри снег има на скијачките центри, ќе вее и понатаму во денот на повеќе локации
Share
Tweet
Share
Send to friend

Речиси 60 сантиметри снег има на скијачките центри, ќе вее и понатаму во денот на повеќе локации

Утрово на повеќе места во Македонија има снежна покривка, особено во повисоките населени места и секако на скијачките центри и планините каде истата е значително зголемена. Во повеќето градови, особено во западните предели исто така има снежна покривка.

Речиси 60 сантиметри снег има на скијачките центри, ќе вее и понатаму во денот на повеќе локации

Највисока снежна покривка од скијачките центри има на Попова Шапка, 58 сантиметри, 55 сантиметри има во Маврово, 15 сантиметри во Тетово и во Крушево, и 10 сантиметри во Гостивар.

Најниска температура до 7 часот утрово од градовите е измерена во Тетово, и тоа -1 степен, а највисока во Гевгелија, и тоа 5 степени. Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Гевгелија, и тоа 26 литри на метар квадратен. Температурите на Скијачките центри и на останатите планини насекаде се под нулата.

Понатаму се очекува понатаможно заладување на времето, повремено со засилен северен ветер (повремено и локално со брзина од над 60 км/час), а ќе има и повремени врнежи претежно од снег, од локален карактер. 

Извор: skopjeinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more