Vrabotuvanje.com - Хрватска од јануари го враќа задолжителниот воен рок
Share
Tweet
Share
Send to friend

Хрватска од јануари го враќа задолжителниот воен рок

Хрватска од јануари го враќа задолжителниот воен рок

Во јануари идната година во Хрватска ќе започне правната процедура за враќање на задолжителниот воен рок, а првите повици на регрути се очекуваат кон средината на 2025 година, соопшти денеска хрватското Министерство за одбрана.

„Министерството за одбрана подготви законски предлози со кои се регулира основната воена обука, како и други прашања поврзани со спроведувањето на воениот рок“, пишува порталот Индекс.
 
Ресорниот министер Иван Анушиќ во септември изјави дека регрутите ќе бидат сместени на три локации.

„Потенцијалот е меѓу 17 и 18 илјади млади луѓе кои секоја година наполнуваат 18 години и кои се наши идни кандидати за основна воена обука“, рече тој тогаш за време на обиколката на касарната во Бјеловар.

Извор: denar.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more