Vrabotuvanje.com - Драстичен пад на бројот на земјоделци во Македонија - потребни се години за поврат на производството
Share
Tweet
Share
Send to friend

Драстичен пад на бројот на земјоделци во Македонија - потребни се години за поврат на производството

Драстичен пад на бројот на земјоделци во Македонија - потребни се години за поврат на производството

Бројот на регистрирани земјоделци во земјава денес е околу 65.000, значително помал од пред десет години кога изнесувал 90.000. Лозарството е во опаѓање, а сточарството сега брои 140.000 грла крупен добиток, наспроти 260.000 од пред една деценија, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Тој нагласи дека Владата е фокусирана на исплата на заостанатите субвенции, што придонело за пад на земјоделското производство. Приоритет за 2024 ќе бидат стратешките култури, како пченицата, јачменот и пченката, како и сточарството и млекопроизводството.

Со ребалансот и пренасочување на средства, затворени се заостанатите обврски од 2020 до 2023 година. Исплатени се 1,7 милиони денари за 2024 година, што е историска финансиска поддршка за земјоделците.

Првите позитивни резултати се очекуваат по една производна година, а Програмата за 2025 ќе се фокусира на одржливи и квалитетни земјоделски производи.

Извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more