Vrabotuvanje.com - Белгија најави забрана за продажба на електронски цигари од 1 јануари
Share
Tweet
Share
Send to friend

Белгија најави забрана за продажба на електронски цигари од 1 јануари

Белгија најави забрана за  продажба на електронски цигари од 1 јануари

Од 1 јануари, Белгија ќе ја забрани продажбата на електронски цигари за еднократна употреба поради здравствени и еколошки причини, соопшти белгискиот министер за здравство Франк Ванденбрук.

Според него, овој чекор е „пионерски потег“ меѓу земјите членки на Европската унија.

Ванденбрук објасни дека евтините електронски цигари претставуваат сериозна закана за здравјето, бидејќи нивните производители лесно ги привлекуваат тинејџерите, создавајќи зависност од никотин.

Електронските цигари за еднократна употреба се осмислени за да привлечат нови корисници. Тие содржат никотин, кој создава зависност и е штетен за здравјето. Тоа се фактите, истакна Ванденбрук.

Извор: nezavisen.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more