Vrabotuvanje.com - Еве колку треба да сте оддалечени од луѓето што имаат грип за да избегнете инфекција
Share
Tweet
Share
Send to friend

Еве колку треба да сте оддалечени од луѓето што имаат грип за да избегнете инфекција

Еве колку треба да сте оддалечени од луѓето што имаат грип за да избегнете инфекција

Американскиот официјален Центар за превенција и контрола на болестите изјави дека треба да се тргнете на растојание од 182 сантиметра од заразеното лице. Многу експерти тврдат дека вирусот на грип се пренесува по капков пат од устата на болни луѓе додека кашлаат, киваат или зборуваат, па затоа треба да се оддалечите од нив.

Поретко може да се заразите со допирање предмети што претходно го допирал болен човек, па потоа да се допирате по устата, носот или очите, но внимавајте и на тоа.

Луѓето со грип се најзаразни во првите три-четири дена откако ќе се разболат. Повеќето возрасни може да го пренесат вирусот еден ден пред да почнат да се појавуваат симптомите на грип и пет-седум дена подоцна, а како што наведува Центарот за превенција и контрола на болестите, децата и луѓето со помал имунитет заразата ја пренесуваат за седум дена.

извор: denar.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more