Vrabotuvanje.com - Во 2025 година ќе имаме пет продолжени викенди
Share
Tweet
Share
Send to friend

Во 2025 година ќе имаме пет продолжени викенди

Во 2025 година ќе имаме пет продолжени викенди

Во 2025 година македонските граѓани ќе имаат пет продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, пет се или се во петок или понеделник и се поврзуваат со викендот, или пак се во недела и согласно Законот неработните денови се префрлаат во понеделник.

Првиот продолжен викенд ќе биде за време на божикните празници, кога неработни се понеделник и вторник – 6 јануари Бадник и 7 јануари, Божик. Граѓаните на продолжен викенд ќе празнуваат и за Курбан Бајрам, кој е на 30 март, па согласно закон се префрла како неработен ден за понеделник 31 март.

Граѓаните подолго за викенд ќе одмараат и за христијанскиот празник Велигден, кога неработен ден за сите граѓани е 21 април (понеделник) Велигден. За време на овие празници за верниците од православна вероисповед неработен е и Велики Петок – 18 април.

Продолжен викенд ќе има и Денот на независноста – 8 Септември кој годинава е во понеделник, како и за 8 декември – Свети Климет Охридски, кој исто така е во понеделник.

Неработни денови за сите граѓани се и 1 мај (четврток) и 24 Мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ (сабота), 1 јануари (среда), Нова Година, 2 август (сабота) Ден на Републиката, 11 октомври (сабота), Ден на народното востание, и 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба.

За граѓаните од православна вероисповед неработни се и 19 јануари (недела) – Богојавление (Водици),
18 април (петок) – Велики Петок, 6 јуни (петок) – Духовден, петок пред Духовден, како и 28 август (четврток) – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед неработни се 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, и
25 декември (четврток), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен ден е 6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

Извор: kurir.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more