Vrabotuvanje.com - Грција во 2025 година воведува зголемени туристички такси, за некои хотели ќе биде и 10 евра
Share
Tweet
Share
Send to friend

Грција во 2025 година воведува зголемени туристички такси, за некои хотели ќе биде и 10 евра

Грција во 2025 година воведува зголемени туристички такси, за некои хотели ќе биде и 10 евра

Од почетокот на 2025 година, во Грција стапи во сила одлуката за зголемување на туристичките такси, со цел обезбедување средства за подобрување на инфраструктурата и поддршка на одржливиот туризам по серијата природни катастрофи.

Туристите отсега ќе плаќаат дневен данок од 2 евра, наместо досегашните 0,5 евра, додека во периодот од април до октомври, оваа такса ќе достигне до 8 евра.

За хотели со една и две ѕвезди, таксата се зголемува на 2 евра дневно (наспроти претходните 1,5 евро).

Хотелите со три ѕвезди ќе наплаќаат дополнителни 2 евра, додека за хотелите со четири ѕвезди таксата расте од 7 на 10 евра.

Петѕвездните хотели и вили ќе наплатуваат 10 евра, што е двојно повеќе од досегашните 5 евра.
За сместувања од типот на Airbnb, таксата се зголемува на 2 евра во зимските месеци и на 8 евра во летниот период.

Oд оваа мерка се очекува да се соберат 600 милиони евра, кои ќе бидат насочени кон фондот за санација на штетите од климатските промени.

Извор: racin.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more