Vrabotuvanje.com - Во Скопје утре ќе има посебен сообраќаен режим поради Бадниковите поворки
Share
Tweet
Share
Send to friend

Во Скопје утре ќе има посебен сообраќаен режим поради Бадниковите поворки

Посебен режим на сообраќај ќе има по улиците каде што ќе се движат Бадниковите поворки и околу верските објекти

Во Скопје утре ќе има посебен сообраќаен режим поради Бадниковите поворки

По повод празникот Бадник, утре во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). 

Во главниот град ќе се одржи манифестацијата „Бадникови поворки“ со траса на движење од пред општинската зграда на Општина Кисела Вода, по улицата „Петар Дејлан“, десно по улицата „Борис Трајковски“, лево по булеварот „Македонија“, па потоа по улицата „Свети Кирил и Методиј“ до пред Музејот на Град Скопје, па потоа по улицата „Македонија“, сè до плоштадот каде што ќе се одржи централната манифестација.

„Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и посебен режим на сообраќај по улиците каде што ќе се движат Бадниковите поворки и околу верските објекти“, велат од СВР Скопје.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more