Vrabotuvanje.com - Најмногу ноќевања имало во Дубровник: Колку туристи ја посетиле Хрватска лани?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Најмногу ноќевања имало во Дубровник: Колку туристи ја посетиле Хрватска лани?

Најмногу ноќевања имало во Дубровник: Колку туристи ја посетиле Хрватска лани?

Хрватска минатата година ја посетиле 21 милион туристи. Земјата лани ја посетиле 21,3 милиони туристи, кои оствариле 108,7 милиони ноќевања. Тоа е 4,1 отсто повеќе од 2023 година, објави Министерството за туризам и спорт.

Податоците на хрватската даночна управа покажуваат дека во тој период во дејностите поврзани со туризмот се издадени фискални сметки во вредност од близу 7,3 милијарди евра, или 11,5 отсто повеќе од 2023. 

Министерството објави дека во минатата година најголем дел од вкупниот број ноќевања, односно 103,3 милиони, се остварени на Јадранот, што е исто така еден отсто повеќе од 2023, а континенталниот дел од земјата со повеќе од 2,7 милиони ноќевања е во плус од пет отсто, а отприлика истата бројка е забележана и во Загреб, што е шест отсто повеќе. 

Најмногу ноќевања имало во јадранските жупании – во Истра 30 милиони, а следат Сплитско-далматинската со 20,7 милиони, Кварнер со 18,2 милиони, Задарската со 15,4 милиони, Дубровничко-неретванската со 9,1 милион, Шибенско-книнксата со 6,6 милиони и Личко-сењската жупанија со 3,4 милиони ноќевања.

Најмногу ноќевања во минатата година се остварени во Дубровник, Ровињ, Сплит, Пореч и Умаг.
 
Извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more