Vrabotuvanje.com - Најубави божиќни пораки за ближните: Испратете љубов, мир и радост за празниците
Share
Tweet
Share
Send to friend

Најубави божиќни пораки за ближните: Испратете љубов, мир и радост за празниците

Бадник и Божиќ се денови исполнети со љубов, топлина и радост, кога се практикуваат убави традиции и обичаи, а најважно е да ги споделиме празничните мигови со семејството и пријателите. Ништо не ја грее душата како искрена честитка, па затоа израдувајте ги најблиските со порака полна со убави желби и добронамерни зборови.

Најубави божиќни пораки за ближните: Испратете љубов, мир и радост за празниците

Во продолжение ви ги претставуваме најубавите честитки за Божиќ и Бадник, со кои можете да донесете насмевка и среќа кај вашите сакани:

Ноќта падна, вистинско време е да ја украсите вашата елка и вашиот дом. Господ нека ви подари среќа и мир, а домот да ви го заштити од сè зло. Среќен Бадник и благословен Божиќ!

Нека горат божиќните огнови во вашето срце, здравје и радост да бидат ваши сопатници, а секое ново утро да ви биде како светло божиќно утро. Мир Божји, Христос се роди!

Нема поголема радост за верникот од одењето на Бадник по дрво. Нека традицијата живее во вас и во вашите деца, почитувајте го Бога и љубете ги ближните. Среќен празник и нека здравјето и љубовта бидат со вас!

Се разденува светлиот ден – насекаде се слушаат ѕвона и се чувствува мирис на темјан. Божиќното дрво го грее домот, а вербата ги исполнува срцата. Нека секој чекор ви носи благослов и успех.

Светиот Бадник нека го донесе Божјиот мир во вашиот дом. Од сè срце ви посакувам љубов, среќа и просперитет. Среќен Божиќ!

Среќен Божиќ! Нека вашиот живот биде исполнет со убави моменти, мир и спокојство. Господ да ве благослови со сила, волја и најчиста љубов.

Домаќине, добро утро! Денес го славите Божиќ. Поставете елка пред куќата и прославете го раѓањето на Бога. Господ нека ви ја подари секоја среќа и ве заштити од злото! Среќен Божиќ!

Додека ги чекате последните сончеви зраци да згаснат, насмевката нека ви го краси лицето. Душата нека ви свети од радост, бидејќи утре го славиме Христовото раѓање. Нека денешниот ден ви донесе исполнети желби и мирен сон. Среќен Божиќ!

Нека овој Божиќ ви биде исполнет со радост, среќа и многу славје. Од сè срце ви посакувам добро здравје. Нека Божјата мудрост ве води и оживува. Среќен Божиќ!

Ноќта падна – вистинско време да ја украсите новогодишната елка и домот. Нека Господ ја благослови вашата куќа и ве заштити од секое зло. Среќен Бадник!

Додека ги чекате последните сончеви зраци да згаснат, насмевката нека ви го краси лицето. Душата нека ви блеска од радост, бидејќи утре го славиме Христовото раѓање. Нека денешниот ден ви донесе исполнети желби и мирен сон. Среќен Божиќ!

Поделете ја радоста на овие празници со срце полно љубов. Христос се роди!

Извор: tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more