Vrabotuvanje.com - Никако не правете го ова со бадниковото гранче по Божик
Share
Tweet
Share
Send to friend

Никако не правете го ова со бадниковото гранче по Божик

Највеселиот христијански празник секогаш не’ асоцира на бадниково гранче, погача и на топла атмосфера во семејниот дом. Сепак, последните години луѓето имаат една грда навика која стана составен дел од Божиќ, особено во градовите.

Никако не правете го ова со бадниковото гранче по Божик

Кога ќе помине празникот, често сме сведоци на тажни слики како бадниковите гранчиња стојат фрлени покрај контејнерите и кантите за отпадоци.

Што треба да се направи со бадниковото гранче ако не сме во можност да го запалиме во црква, појаснува наставничката по веронаука Јелена Вујиќ.

– Верувам дека бадниковите гранчиња се расфрлени насекаде не поради мрзеливост, туку поради незнаење. Бадниковото гранче треба да се остави некаде во природа, но само гранките и лисјата, без оние додатоци со кои обично се продава на пазар или во супермаркет. Треба да се знае дека не треба да се остави на бетон, на два чекора од контејнерот, туку на некое дрво, на пример – објаснува таа.

Доколку имате услови за тоа, бадниковото гранче треба да се запали во чиста печка, за да може да се сочува пепелта. Се верува дека огнот во кој гори носи плодност и им помага на сите членови во домот.

Извор: republika.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more